Жежовски бил закопан во триметарска длабока јама меѓу грмушки и дрвја крај селото Рудник

Откриено e местото каде бил закопан Панче Жежовски, 74 годишен фризер од Велес.

Се работи за дупка, затскриена зад грмушки и дрвја, на тешко пристапен терен надвор од Велес, во близина на село.

На местото се уште има остатоци и предмети од активностите кои се случувале.

Првоосомничениот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо во мај годинава бил фатен со нелегално оружје во близина на тунелите Демир Капија Јаворица.

Палевски бил фатен заедно со уште три други лица како бараат злато, а се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење.

Случајот е наведен и во билтенот на МВР.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното