Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради невреме, информираат од ЈСП „Скопје“.
Како што велат, најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме, а јачината на ветрот ги надминува дозволените граници за објектот да може да функционира непречено и безбедно.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, додаваат од ЈСП.