Жива и здрава е: Заврши потрагата по исчезнатата жена од Прилеп

Жената чија фотографија се споделуваше на социјалните мрежи, со апел од нејзината ќерка дека е исчезната, самата се пријавила во полициска станица.

Според информациите, таа била жива и здрава и се наоѓала на безбедно место, а веста ја потврдило нејзиното семејство.

Инаку, станува збор за 72-годишна прилепчанка, за која вчера семејството објави на социјалните мрежи дека прво вчера била забележана на автобуската станица во Велес, а потоа со комбе на “Струмица експрес” се упатила за Радовиш, и се апелираше до јавноста за нејзино пронаоѓање.