ЗИМАТА НЕ МОЖЕ ДА ПОМИНЕ БЕЗ ОВОЈ АКСЕСОАР: Еве како оваа сезона се носи предимензиониран шал!

Лудоста за големи, долги, предимензионирани марами не стивнува ниту оваа сезона. Овој аксесоар ќе биде во фокусот и оваа зима, а освен што ќе не загрее во постудените денови, ќе го заокружи секој стајлинг и ќе внесе ведрина во тмурните денови.

Овој додаток лесно се вклопува во секој стил. Одлично ќе оди со патики и спортски стил, но и со елегантни комбинации.

Тренд се еднобојните светли бои, како и оние со впечатлив принт. Ваше е да го изберете моделот кој најмногу ви се допаѓа.

Марамите се омилен моден детаљ на речиси сите трендсетерки, а ни дадоа одлични идеи како да ги стилизираме оваа зима и есен. Погледнете ги фотографиите и пронајдете инспирација за вашиот следен стајлинг.

Сè попопуларниот начин на носење на овие марами ќе го нагласи струкот и целосно ќе го трансформира стајлингот. Ставете го преку рамо, а потоа прицврстете го на половината со ремен и ќе го добиете овој интересен изглед.

https://www.pinterest.com/pin/502010689718755534/
https://www.pinterest.com/pin/2251868547955023/
https://www.pinterest.com/pin/398639004492085565/
https://www.pinterest.com/pin/633387437166691/
https://www.pinterest.com/pin/51439620734330961/
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното