Виртуелните предмети од популарната видео игра Counter-Strike (CS), познати и како „скинови“, можат да им обезбедат на инвеститорите поголем принос од акциите, златото и биткоинот, според истражување објавено денес од Руската школа за економија и Високата школа за економија.
Вредноста на индексот Шарп, кој се користи како индикатор за ефикасноста на инвестициското портфолио, е 0,34 за „скинови“, 0,25 за американската берза, 0,21 за биткоин и 0,12 за злато.
„Скиновите“ се виртуелни предмети што го менуваат изгледот на оружјата во видео играта CS и имаат чисто естетска функција, бидејќи се дизајнирани да ја истакнат личноста на играчот и да го персонализираат изгледот на оружјето без да ја променат неговата функционалност.
Тие можат да се купат и препродадат за вистински пари, и во играта и надвор од неа.
„Блумберг“ претходно објави дека анонимен корисник купил „скин“ за најновата верзија на Counter-Strike (CS:GO) за рекордни 1 милион долари.
Инвеститорите можат да постигнат многу високи приноси, но треба да се напомене дека овие инвестиции се поврзани со значителни ризици, се наведува во студијата.