Знамињата на половина копје: Седумдневна жалост во Македонија

Од денеска седумдневна жалост на територија на цела Македонија во спомен на загинатите во страшната трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кичево.

Македонското знаме од денес ќе се вее на половина копје.

Владата ја донесе оваа одлука на вчерашната седница, а како што апелираат, сите треба да се придржуваат на неа бидејќи казните за непочитување се ригорозни.

Се очекува Министерството за надворешни работи да отвори книга на жалост.

Во деновите на жалост, сите планирани настани се одложуваат, додека пак радиодифузерите се ослободени од обврската за емитување одреден процент домашна музика.

„Не постои збор кој може да ја ублажи болката за ненадомесливата загуба. Целиот здравствен и медицински тим во сите здравствени установи е на располагање и пружи здравствена нега и помош за брзо закрепнување на повредените. Во овие исклучително тешки и тажни моменти за целиот македонски народ, замолуваме да не се политизира случајот, за институциите да можат навремено и соодветно да го расветлат случајот. Ниту една информација нема да биде скриена од очите на јавноста, се наведува во соопштението од Владата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното