Зошто автомобилот троши повеќе гориво во зима отколку во лето?

Во просек, на температура од минус седум степени, автомобилот троши до 12 проценти повеќе гориво отколку во пролет или лето на 25 степени.

Возењето на кратки растојанија во зима не е економично бидејќи тогаш автомобилот троши најмногу гориво – моторот нема време да се загрее. Во просек, на температура од минус седум степени, автомобилот троши до 12 проценти повеќе отколку во потоплиот дел од годината, објавува Revija HAK.

Постојат неколку причини за ова: на моторот му треба време да ја достигне оптималната температура на која работи најефикасно. Студеното време го намалува притисокот во гумите, што може да го зголеми отпорот на тркалање и потрошувачката на гориво (затоа повремено проверувајте го притисокот во гумите).

Студениот надворешен воздух е погуст од топлиот воздух, па затоа отпорот на возење и потрошувачката на гориво се зголемуваат.

Во услови кога има снег и мраз на патот, има поголемо лизгање на погонските тркала, што исто така ја зголемува потрошувачката на гориво. Побавното возење до 60 километри на час, исто така, има негативен ефект врз потрошувачката на гориво.

Паркирањето во потоплите области, како што се гаражите, може да помогне. Исто така, кога ќе го запалите автомобилот, започнете да возите што е можно поскоро, бидејќи тоа ќе го загрее моторот побрзо.

Не ги користете функциите за одмрзнување и греење на седиштата подолго од потребното.