ДИЗАЈНЕРКАТА НА НАКИТ Лин Бан, најпозната по реалното шоу на Нетфликс Bling Empire: New York, почина на 52-годишна возраст.
Лин доживеа тешка несреќа на скијање, по што мораше да оди на итна операција на мозокот. Таа почина по операцијата, а тажната вест ја потврди и нејзиниот син Себастијан на нејзиниот Инстаграм профил.
„Многу од вас ја следеа мајка ми, но никогаш немавте прилика да ја запознаете. Би сакал да ви кажам која навистина беше мајка ми. Таа беше и секогаш ќе биде мојата најдобра пријателка, мојата најдобра мајка и некој кој се грижи за сите Таа секогаш имаше насмевка на лицето, дури и за време на тежок период на закрепнување, таа беше борец до крај и најсилната жена што ја познавам“, напиша тој.
Тој истакна и како таа била најдуховитата и најкул мајка.
„Иако сега ја нема, ќе направам се што можам никогаш да не биде заборавена и нејзиниот живот да се слави онака како што го заслужува тоа. Како последна порака до мајка ми, би сакал да кажам дека ќе Ми недостигаш засекогаш, ќе завршам со нешто што таа секогаш ми го кажуваше: „Те сакам повеќе од самиот живот“, напиша Себастијан.
На 30 декември 2024 година, Бан сподели дека имала несреќа на скијање на Бадник и доживеала скоро фатално крварење во мозокот за кое била потребна итна операција.
„Да трепнеш животот може да се промени“, напиша таа и објави фотографии од болницата. Дизајнерката на накит рече дека била на скијање во Аспен со своето семејство кога доживеала несреќа.
Иако носеше кацига, таа рече дека го фатила врвот на скијањето на нешто и паднала со лицето надолу на земја. Таа не мислеше дека ситуацијата е толку лоша и успеа да стигне до крајот на патеката. Мислела дека има потрес на мозокот бидејќи има главоболка и дека се ќе биде во ред по ручекот. Болничарот во ски-центарот и предложил да оди во болница.
Отишла во болница каде за половина час и рекле дека има крвавење на мозокот и со хеликоптер ја префрлиле во болница за траума.
Bling Empire: New York е реално шоу на Нетфликс кое следи група богати Азијци во Њујорк.
