„Секој од нас има, како јин јанг две лица!“, вели Сиљановска по прашање дали очекува блокада од Грција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на заедничката прес-конференција со нејзините колеги од Црна Гора Јаков Милатовиќ и од Албанија Бајрам Бегај, при новинарско прашање за тоа дали очекува блокада од Грција доколку ја продолжи праксата со употребата на името, рече дека не смета дека го крши Уставот.

Според неа, сите документи кои излегуваат од нејзиниот кабинет се со уставното име.

„Да потсетам, моите документи, тие што ги потпишувам, тие што ги поседувам, пасош, лична карта, сите документи кои излегуваат од кабинетот се со уставното име. Тоа е во рамки на меѓународното право и во рамките на Уставот. Точно е дека секоја изјава на луѓето од политиката, од оние кои се на функции се толкува како да е официјален чин, но секој од нас има, како јин јанг две лица, едно офцијално и едно друго. Јас како човек имам право, повторувам од Сократ до денеска, во рамки на слободата и мислата, слободното изразување на мислата, да се изразувам така како што тоа го правам и не мислам дека тоа е кршење ниту на Уставот ниту на меѓународното право“, истакна Сиљановска Давкова.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното