Иако можеби е рано да правите листа со новогодишни одлуки, сигурно веќе мечтаете за местата што сакате да ги посетите. Доколку навистина сакате да посетите нешто необично и не толку познато, погледнете ги овие 10 неверојатни региони ширум светот.
1. Пиемонт, Италија
Ова место во североисточна Италија е прекрасно, но не секогаш знае како да привлече посетители. Овде ќе најдете многу современа уметност, концерти со електронска музика, автопортрет на Леонардо да Винчи и неверојатни алпски патеки за планинарење. По пат ќе сретнете села кои нудат некои од најдобрите вина и тартуфи во Италија.
2. Кетскилс, САД
Пред 50 години во срцето на Кетскилс се одржал Вудсток, фестивал што дефинира цела генерација. Иако можеби децата на цвеќето веќе имаат нивни внуци, слободниот дух преовладува во овој реон. Овде има одлични ресторани, пивници и многу концерти. Ако сакате да бидете дел од историјата, во август 2019-та година ќе се одржи 50-тата годишнина на Вудсток.
3. Северен Перу
Овој дел од Перу е дом на некои од најстарите култури на континентот и некои од најдивите пејзажи во светот. Токму овој дел ја прави Јужна Америка спектакуларна. Поради зголемениот интерес, подобрена е инфраструктурата на целиот север, а летовите од Лима кон север се зачестени.
4. Црвениот центар, Австралија
Овде се наоѓа најголемото чудо на државата – Улуру. Во 2019-та година ова место ќе биде затворено за планинари, речиси 150 години откако авантуристите ја освоиле карпата. Наместо тоа, посетителите ќе бидат освоени од неверојатната природа и култура.
5. Шкотските планини и острови
Во овој предел вискито има историја долга илјадници години. Само изминативе две години во Шкотска се отворени 20 нови дестилерии, a се очекуваат уште толку до 2020-та година. Овде ќе научите за производството на виски и неговите вкусови, но ќе сведочите и на најмалку населениот дел од Европа.
6. Источна Русија
Најисточниот дел од Русија минал низ неверојатна трансформација овие години. Оваа нова динамика најмногу се забележува во Владивосток. Отворени се театри, уметнички комплекси и други важни места. Останатиот дел со природа и вулкани е подостапен од кога било.
7. Гуџарат, Индија
2-ри октомври 2019-та година ќе биде навистина голем ден во Гуџарат. Ќе се прославува 150-тиот роденден на Махатма Ганди. Покрај овој огромен настан, можете да уживате во небото со змејови, природните засолништа со лавови, волци и хиени, како и во културата на племенските заедници.
8. Манитоба, Канада
Манитоба е како центар на сè. Ова место е географската средина на Канада и токму овде Абориџините вршеле размена. Главниот град е вистински мултикултурен центар со жители од Филипините, Нигерија и Индија. На север можете да видите многу мечки и китови.
9. Нормандија, Франција
Украсен со прекрасни плажи, брегот на Нормандија ја нуди и највкусната морска храна и најдоброто сирење. Ако сакате историја, ова место ќе биде вистински рај за вас.
10. Долината Елки, Чиле
Во близина на јужната граница на огромната пустина Атакама, планинските реки минуваат низ зелените ридови и живописните села кои стојат под ѕвезденото небо. Долината Елки е едно од најубавите места во Чиле. Иако овде има 320 сончеви денови, во неа е роден добитник на Нобелова награда и местото е центар за производство на бренди во Чиле, долината е скриена од светот. Во 2019-та година соларната еклипса ќе биде точно над ова место, па можете да се подготвивте за патување.