12 пожарникари интервенираат на пожарот во Стара чаршија

Вечерва избувна пожар во објект во Старата скопска чаршија.

„РЦУК Скопје известува дека избувнат е пожар во 19:43 часот на стара куќа во близина на Црквата Св.Спас во Стара Чаршија.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 12 пожарникари со 4 ПП возила“, велат од ЦУК.