46 годишен маж загина вечерва на патот Ресен-Битола

Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на патот Битола – Ресен, кај местото Макази, објави Телма.

Според информациите на СВР Битола, несреќата се случила кога патничко возило БМВ со ресенски регистарски таблички, управувано од 46-годишен жител на ресенско село, удрило во автомобил марка „Пежо“ со битолски ознаки. По судирот, „Пежото“ се судрило со друго возило БМВ, кое го управувал 47-годишен жител на Ресен, кој патувал со сопатник.

Како што пренесува Телма, од ударот 46-годишниот возач починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен. Возачот и сопатникот од другото БМВ се пренесени во Клиничката болница во Битола, каде им се укажува лекарска помош.

Поради несреќата, сообраќајот на делницата од Макази до селото Ѓавато е пренасочен по стариот пат.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното