91-годишна баба од Бар купила блиндиран БМВ: Донела машина од 200.000 евра, а 6 години помлада пак купила два – „Од што, пензија?“

Баба од Бар во десеттата деценија од животот купила блиндиран автомобил БМВ за кој платилА 200.000 евра. Ова на црногорската јавност и го соопшти директорката на Мрежата за афирмација на невладиниот сектор, Вања Чаловиќ Марковиќ гостувајќи во емисијата Начисто.

Имено, 91-годишната баба од Бар не е единствената „сопственичка“ на блиндирано возило. Шест години помладата од Никшиќ увезла дури и два блиндирани автомобили.

Баба од Никшиќ купила два

„Баба од Никшиќ родена 1938 година увезла два блиндирани автомобили мерцедес. Баба од Бар, 1932 година, увезла блиндирано БМВ и за тоа платила 200.000 евра. Од што, од пензијата?“, изјави Чаловиќ Марковиќ.

Тој наведува дека меѓу другото тоа се примери во црногорското општество на кои треба да се обрати идната Влада, надлежните институции да видат од каде доаѓаат тие огромни пари, а каде завршуваат парите од Црна Гора.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното