Македонија

„Имаме решение со Бугарија прифатливо за двете страни“, рече Заев во интервју за ТВ21

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев во ексклузивно интервју за националната ТВ21 директно од Охрид во рамки на Преспа форум откри дека сепак со Бугарија има напредок и решение.

„Еве сега ќе кажам имаме решение со Бугарија кое е прифатливо за двете страни“, рече премиерот Зоран Заев во ексклузивно интервју за ТВ21 директно од Охрид.

Заев зборуваше и за спорведувањето на Преспанскиот договор, како и за тоа дека клучната порака од Преспа форумот е дека целио свет ја почитува нашата држава.

Запрашан зошто опозицијата не е присутна на настанот, тој рече дека биле поканети, а дури требало да застанат и како организатори со што ќе испрателе порака до граѓаните, но рече дека тоа не го сториле.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни