Македонија

Важна информација за сите македонски граѓани кои примија доза во странство

Министерството за здравство информира дека од утре до 10-ти месецов ќе биде во функција веб страницата „https://vakcinacija.mk/revaccination“, која е за регистрација само на оние граѓани кои се им*низирале во странство и сакаат да ја добијат втората доза во земјава.

Од Министерството посочуваат дека преку регистрацијата на граѓаните, ќе можат да добијат детален увид за колкава бројка станува збор, со кои дози се им*низирани и кога треба да дојдат на втора доза.

-Страната за регистрација за рева кинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на дози кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за рева кинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да ја примат втората доза, се наведува во соопштението на Министерството.

Со дозата на Астра Зенека во земјава ќе се им*низираат единствено граѓаните над 60 години.

За сите други граѓани после регистрација на сајтот, од Министерството за здравство појаснуваат дека ќе направат обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што, како што велат, ќе информираат прецизно во јавноста. (МИА)

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни