Комисијата за заразни болести утре ќе решава за тоа како да се заштитиме од индискиот сој кој веќе го има во стотина земји низ светот, помеќу кои и во најчестите туристички дестинации за Македонците – Грција, Црна Гора, Албанија, Хрватска. Враќањето на задолжителен тест на границите е само една можност, останатите вклучуваат враќање на почетоците на пан*емијата и следење на случај по случај за да се воспостави контрола, вели за Канал 5 Д-р Злате Мехмедовиќ.
Во меѓувреме, СЗО го вклучи црвениот аларм за „делта“ сојот, предупредувајќи дека светот е во опасна фаза од пан*емијата поради „распрснувањето“ на индинската варијанта.
-Во земјите со мал процент на имунизирани повторно има ужасни сцени од преполни болници. Но, ниту една земја во светот не е целосно безбедна. „Делта“ варијантата е опасна и продолжува да еволуира и да мутира.
Детектирана е во најмалку 78 земји во светот и брзо се шири во земји и со високо и ниско ниво на имунизирани.
Носењето на маски, физичката дистанца, избегнување на гужви и добра вентилација на затворените простори се основите за да може да се спротивставиме на „делта“ сојот. Второ, светот да споделува заштитна опрема, кислород, тестови, лекови и примање дози, вели Тедрос Аданом Гебрејесус – Генерален директор на СЗО.