Македонија

ТРАГЕДИЈА: 22-годишен Македонец загина во сообраќајка во Грција

22-годишно момче од Северна Македонија загинало во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 06:30 часот во познатото грчко летувалиште Халкидики, објави грчкиот портал „Halkidikinews“

Порталот пишува дека уште едно 21-годишно момче, негов сопатник, е повредено во сообраќајната несреќа која се случила на патот Полихроно – Ханиоти, и било пренесено во болница.

Според порталот, починатото момче било од Скопје дојдено на годишен одмор во Грција.

Момчето изгубило контрола над неговото возило кое, од се уште неразјаснети причини, излетало од патот и се превртело.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни