Македонија

Последни пет дена изборна кампања

Последните пет дена од изборната кампања за локалните избори 2021 година. Изборната кампања завршува в петок на полноќ, по што започнуваат два дена изборен молк.

Изборна кампања почна на 27 септември во 00 часот и трае до 15 октомври.

На 16 октомври гласаат болните, немоќните, а на 17 октомври е денот на изборите. Најголем дел од кандидатите веќе имаа неформални средби со граѓаните и претставување на своите програми на социјални мрежи уште пред почетокот на кампањата.

За првпат на овие избори граѓаните ќе може да гласаат со истечена лична карта, а ќе се користат и читачи на отпечатоци.

Вторпат се одржуваа избори во време на корона.

На овие избори имаме две меѓуетнички предизборни коалиции. Од едната страна е коалицијата на владејачките партии СДСМ, ДУИ, Беса и ДПА, а се окрупни и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ, склучи предизборна коалиција од партиите од албанскиот блок Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Државната изборна комисијата (ДИК) информираше дека се потврдени 303 листи за градоначалници и 567 за советници за претстојните локални избори закажани за 17 октомври. На изборите ќе може да гласаат 1 824 864 граѓани.

ДИК отфрли две листи за градоначалници, една во Охрид и една во Струга и на и шест за советници во Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни