Македонија

Германска компанија ќе гради фабрика во Скопје, Анѓушев: Мора да креираме високо платени работни места

Германската компанија „Гересхајмер“ АГ ќе гради фабрика за медицинска пластика во Скопје. Компанијата ќе почне со градба на фабриката во првата половина на 2019 година, а произведството на пластични системи за фармацевтската индустрија и секторот за медицинска технологија, треба да стратува во средината на наредната година.

Според најавите од Владата, во фабриката ќе се вработат околу 400 лица. Како што вели тој, полесно е да се најдат 400 работници високо платени, отколку илјадници во текстилната индустрија, кои ќе бидат малку платени.

Одговарајќи на новинарски прашања, вицепремиерот Кочо Анѓушев изјави дека треба да се креираат работни места, кои ќе бидат високо платени, а не да бидат многу на број. Воедно тој посочи дека приказната со најавуваната инвестиција на „Фолксваген“ се уште не е завршена.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни