Ахмети: Потребен е ветинг за да политичките партии не прераснат во јавни обвинители или судии

Али Ахмети, лидер на ДУИ, во Битола изјави дека е неопходен ветинг за политичките партии, за да не прераснуваат во јавни обвинители или судии.

Тој истакна дека треба да се истражат процесот на приватизација и потеклото на богатството на политичарите и функционерите во земјава.

Ахмети апелираше за владеење на правото и поголема доверба на граѓаните во институциите.

Дополнително, тој ја нагласи важноста од членството на Македонија во Европската унија како единствена алтернатива, како и зајакнувањето на меѓуетничките односи за стабилноста и функционалната демократија во земјата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното