Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека едно од клучните прашања на утрешниот Колегиум на Собранието на Србија ќе биде прашањето за потписите на пратениците за одржување советодавен референдум за поддршка на претседателот на Србија.
– Понудивме неколку работи, ќе има потписи за референдумот. Затоа што кога изговарате и велите дека е важно да се испита легитимноста на носителот на државните функции. Ана има, се договоривме дека ќе влијае на колегите од опозицијата, се останато ќе обезбедиме, и дека ќе излеземе на советодавен референдум. Ако народот каже дека не ми верува, јас ќе си поднесам оставка уште истата вечер, ако имам веројатно година и пол до крајот на мандатот, а не мислам на промена на Уставот. Личната искреност и чест ми е поважна отколку да седам во фотелја. Седењето во таа фотелја за мене е голема гордост и обврска и мислам дека се гледа колкаво е уживањето. Не се плашиме од избори – рече тој.