Бедри Ајдари, роднина на еден на осудените во случајот „Монструм“, вечерва гостуваше во „Клик Плус“ на ТВ21 каде што се дебатираше за овој случај за кого денеска беа искажани завршните зборови. Заедно со него во дебатата учествуваа и адвокатот Насер Рауфи, универзитетскиот професор Јетон Шадивари, и новинарот од „Клан“, Фуркан Салиу, објави ТВ21.
Ајдари кажа дека Стево Пендаровски им рекол дека ако се дознаела вистината за „Монструм“, можно е да настанала војна.
„За време на протестите на шарена револуција во 2016 година пред Собранието се сретнавме со Стево Пендаровски, сегашен претседател, тогашен пратеник. Го прашавме што се случува со „бомбите“ за Монструм. Пендаровски ни рече цитирам: ‘на еден состанок присуствуваше еден Американец кој ми рече дека за Монструм ќе се поттикне војна, со тоа што ќе разберат луѓето кои се вистинските убијци и кои се нарачателите и виновниците. Тогаш сите заедно, и Македонци и Албанци ќе отидат пред влада и ќе има крвопролевање, затоа што ќе сакаат Груевски да го фатат за гуша и да го прашаат зошто го нарача овој монструозен чин, кој ќе доведе до војна’. Ова му го кажувам јавно на Пендаровски тука во ова студио, а можам да го кажам и било каде “, рече Ајдари.