Актерот кој сите го обожаваа се повлекува од јавноста

Популарниот актер Бурак Озџивит, попознат како Бали Бег од серијата „Сулејман Величествениот“ проаѓа низ исклучително тежок период во животот, поради што одлучил да се повлече од сцената на некое време. Тој во последните месеци се бори со депресијата.

– Се чувствувам депресивно. Ми треба одмор и секако во скоро време нема да ме гледате да работам, порача тој.

Турските медиуми пишуваат дека актерот во последно време изгледа непрепознатливо и е во исклучително лоша состојба што е последица на деловните неуспеси како и семејната драма поради здравствената состојба на негов близок роднина.

❤️

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit) on Jul 1, 2017 at 2:30am PDT

Бурак после се одлучил да се повлече од јавноста и да се опорави во друштво на неговата сопруга, актерката Фахрије Евџен, која му е најголема поддршка.

Текстот Актерот кој сите го обожаваа се повлекува од јавноста е превземен од А1он.