Александар Волкановски повторно собори рекорд – нов УФЦ шампион во „перо“ категорија!

Австралијанецот со македонско потекло, Александар Волкановски е новиот УФЦ шампион во „перо“ категорија.

Екс шампионот на оваа дивизија го врати појасот по заминувањето на Илја Топурија во лесна категорија, а слободното место го зазеде по победата над Диего Лопез во „Арена Фајт“ во Мајами.

И покрај одличниот настап на момчето од Мексико, кој пред борбата со Волкановски доби „шанса за титулата“ по петте последователни победи во октагонот, искусниот Австралиец покажа зошто е еден од најодликуваните борци (5 одбрани) во „перо“ категорија.

Тој доминираше во сите пет рунди, а храброто срце и самопожртвуваноста на Лопез, на крајот, не беа доволни за да ги убедат судиите.

„Убаво е чувството што се вратив овде. Му ветив на моето семејство дека ќе ја вратам титулата. Сите ме отпишаа бидејќи имам 36 години. Ја добив шансата по два последователни порази, а сега се враќам овде, на врвот. Имам голема почит за Лопез. Неверојатен момент, навистина голема привилегија. За ова ќе се пишува и ќе се снимаат филмови – соборен е рекорд!“, рече Волкановски.

Тој сега има 27 победи и четири порази во октагонот, а единствените два под капата на организацијата УФЦ му беа против Илија Топурија и Ислам Махачев (двапати). Првиот пораз го забележа на стартот од кариерата против Кори Нелсон.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното