Партијата Алтернатива на Африм Гаши во следните денови ќе одлучи дали ќе го прифати предлогот на премиерот Зоран Заев, кој го покани Гаши да разговараат оваа партија да стане дел од парламентарното мнозинство, велат од Алтернатива за „Фокус“.
Одлуката би требало да се донесе на партиски состанок, но други детали од Алтернатива не откриваат.
Заев денеска потврди дека во текот на денот имал комуникација Гаши и му предложил да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од Владата.
Гаши минатата недела изјави дека не добиле понуда од СДСМ и рече дека е принципиелно прво да дискутираат со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците за да видат каков е нивниот капацитет за развој на понатамошните процеси и за излез од кризата. Сепак, СДСМ неофицијално разговара со повеќе партии за окрупнување на парламентарното мнозинство кое сега брои 59 пратеници, пишува Фокус.