Агенцијата за национална безбедност соопшти дека почнува со примена на полиграфско тестирање.
Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата, како и во сите други случаи во согласност со Законот за Агенција за национална безбедност.
Во соопштението се посочува дека законската обврска за примена на полиграфско тестирање е предвидена со основањето на Агенцијата во 2019 година, но досега не било спроведени.
Тоа воедно се прави, поради тоа што Агенцијата за национална безбедност располага со информации од највисоко ниво на доверливост.