Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски ги презентираше предлог измените на Законот за електронски комуникации.
Со овој закон се забранува нелегалното приредување на Онлајн игрите на среќа, бидејќи Македонија се соочува со една драматично влошена состојба.
„За жал во подем и во нашата држава, но и во регионот, најголем број од младите, тинејџерите се зафатени од оваа пандемија особено од нелегалните игри на среќа кои што се организираат преку нелегални онлајн платформи. Измените на законот ќе ни дозволат како институции да го спречиме ова нелегално приредување на онлајн игрите на среќа, кое претставува опасност од крадење на лични податоци како и злоупотреба на платежните картички на граѓаните бидејќи врз овие провајдери нема никаква контрола“, изјави Андоновски
Како што вели, со овие измени ќе им овозможат на институциите да се справат со ваквите нелегални појави.
Министерот своето излагање го заврши со зборовите дека очекува поддршката од сите пратеници и пратенички групи бидејќи оваа битка не е само на владата туку на целото општество против една пандемија која ни се случува во последниве години.