Арбен Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ги извести граѓаните за својата здравствена состојба откако вчера се проширија гласини дека доживеал срцев удар. Во својата објава на социјалните мрежи, Таравари истакна дека доживеал ненадеен колапс и бил итно пренесен во болница, каде што и понатаму е под опсервација.

„Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите,“ напиша министерот.

Тој ја искористи приликата да изрази благодарност за поддршката и загриженоста кои ги добил од граѓаните, истакнувајќи дека не очекувал толку голема добрина и грижа.

„Ви благодарам од сè срце! Секогаш ваш,“ заврши Таравари во својата порака.

Министерството за здравство допрва треба да соопшти дополнителни информации за состојбата на министерот.