Бајден превентивно помилува пет членови на неговото семејство

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден денеска превентивно помилува пет членови на неговото семејство, неколку минути пред да му ја предаде функцијата на Доналд Трамп, велејќи дека сака да ги спречи да станат цел на „неосновани и политички мотивирани истраги“.

Меѓу помилуваните се и неговите двајца браќа Џејмс и Френсис. На листата се и Сара, сопруга на Џејмс Бајден, сестрата на Бајден, Валери и нејзиниот сопруг Џон.

Бајден, исто така, ја ублажи доживотната казна на индијанскиот активист Леонард Пелтиер, кој помина речиси пет децении во федерален затвор за убиство на двајца агенти на ФБИ во 1975 година. Пелтиер остатокот од казната ќе го одлежи во домашен притвор.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното