Барови незаконски зазеле простор од 3.000 метри квадратни на плажа и си поставиле лежалки!

При контролите извршени на три популарни плажи на грчкиот остров Тинос биле откриено дека пет бич барови незаконско зазеле простор од 3.000 метри квадратни со поставени чадори, лежалки како и специјални дрвени конструкции, соопштија од Министерството за национална економија и финансии на Грција.

Контролите што ги вршат надлежните служби во присуство на обвинител се во тек од вчера, се спроведуваат на плажите и туристичките бизниси, а веќе е уапсено и едно лице поради неусогласување по претходно направен прекршок .

Од Министерството за национална економија и финансии на Грција објавија фотографии од една од плажите на која нелегално биле поставени лежалки и дрвени конструкции, а веќе е завршен процесот на отстранување на дивоградбите и предметите од плажата, а паралелно се изрекуваат и пропишаните административни казни и во некои случаи веќе се издадени соодветните протоколи за уривање.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното