Бегалецот Пеприм Бајрами и Омер Буњаку кој беше советник на Артан Груби отстранети од Надзорниот одбор на Нова Државна Видео Лотарија

Повеќе промени во работењето на Друштвото за организирање електронски игри на среќа – Нова Државна Видео Лотарија – НОВО ВЛТ ДОО Скопје.

Со решение од 28 јули 2025 година, од Надзорниот одбор се избришани имињата на Омер Буњаку – поранешен советник на првиот вицепремиер Артан Груби, и Пеприм Бајрами, кој е во бегство од 2024 година.

На нивно место, во Надзорниот одбор се назначени нови членови – Стање Младенова, Наѓица Антоновска и Александар Андонов, сите со дипломи по право.

Според решението од 28 јули, извршена е промена на седиштето на компанијата, како и ажурирање на податоците за основачот – „Друштво за услуги ХТЛ Македонија ДООЕЛ Скопје“.

Овие промени следат по одлуките донесени на 15 јули 2025 година, а со нив компанијата ја ажурира својата структура и управувачки кадар.

За Прпарим Бајрами и Артан Груби се распишани меѓународни потерници.