Бугарија не може да поддржи одржување на првата Меѓувладина конференција на ЕУ со Република Северна Македонија. Актуелната нацрт-преговарачка рамка за пристапување на Република Северна Македонија, исто така, не ги одразува предлозите на бугарска страна и затоа не може да поддржиме старт на преговорите, ваков одговор за новинската агенција БГНЕС испратиле од бугарското Министерство за надворешни работи (МНР).
Бугарскиот шеф на дипломатијата, Светлан Стоев денеска на состанок со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ истакнал дека бугарската страна сè уште очекува конкретни чекори од Скопје за исполнување на обврските, вклучително и откажување од територијалните и претензиите кон малцинствата, прекинување на говорот на омраза, промена на учебниците и гарантирање на правата на граѓаните со бугарска самоопределба.
Стоев, денеска во својот кабинет имал средба и со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и в.д. шефот на делегацијата на Европската комисија во Бугарија, на која ги запознал со актуелните случувања по тамошните претседателски и парламентарни избори, како и со приоритетите на бугарските позиции за теми поврзани со заедничката европска агенда.
Министерот истакнал и дека бугарската страна сè уште очекува конкретни чекори од Скопје за исполнување на обврските, вклучително и откажување од територијалните и претензиите кон малцинствата, прекинување на говорот на омраза, промена на учебниците и гарантирање на правата на граѓаните со бугарска самоопределба.
„Не гледаме напредок бидејќи нема политичка волја за решавање на овие прашања“,изјавил шефот на бугарската дипломатија.
Во вакви околности, според него, Бугарија не може да поддржи одржување на првата Меѓувладина конференција. Паралелно, Стоев ја потврдил поддршката за Албанија да ги започне преговорите.