Четири години без Зоран Џорлев: Твојата музика и спомените ќе живеат вечно

Македонскиот пејач Огнен Здравковски денеска со емотивна објава на социјалните мрежи го одбележа четиригодишниот помен на својот вујко, легендарниот музичар Зоран Џорлев. Во својот статус, Здравковски го нарекува Џорлев „втор татко“ и „најголем идол“, изразувајќи длабока тага за неговата загуба.

„На денешен ден пред 4 години почина мојот вујко Зоран Џорлев… Мојот втор татко… Мојот најголем идол, човекот кој ме учеше за животот, за музиката и љубовта кон уметноста,“ напиша Огнен. Тој додаде дека за него секој 1-ви јануари ќе остане најтешкиот и најтажниот ден во годината.

Здравковски ја истакна вечната важност на музиката и наследството на Џорлев, кое останува инспирација за него лично, но и за цела Македонија. „Твојата музика и спомени ќе живеат вечно со нас. Ти благодарам што беше инспирација, не само за мене, туку и за цела Македонија,“ додава пејачот.

Зоран Џорлев, познат виолинист и истакнат македонски уметник, остави длабока трага во македонската музика и култура. Неговата посветеност на уметноста и љубовта кон традицијата продолжуваат да живеат преку неговите дела и преку спомените на неговите најблиски.

Почина познатиот виолинист маестро Зоран Џорлев!

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното