„Дарина, ако го видиш ова дојди на сладолед“: Момче од Србија пронајде шише со порака во Грција!

Момче од Србија кое е на одмор во Грција нашло шише со порака, а неговиот потег ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи!

Имено, тој пронашол шише со порака напишана, поточно нацртана од девојка по име Дарина.

Тој се дотера и го замоли татко му да го фотографира и да ја сподели на социјалните мрежи со покана до Дарина на сладолед.

– Ако Дарина го види овој пост, ја поканувам на сладолед кај Костадинос во Вурвуру. Нејзиното шише го најдов со мапа – стои во објава на социјалните мрежи во групата „Грчка инфо“.

Неговиот потег ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.

– Ја среди и фризурата! Среќно момче, да ја најдеш Дарина! – напиша една жена.

Еден корисник изјавил дека постарите треба да го имитираат ова момче.

– Па, ова е убаво – стои во еден од коментарите.

Многумина напишаа дека се надеваат дека девојката Дарина ќе излезе во пресрет.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното