Дел од Бутел и селото Добри Дол утре без струја

Корисниците од улиците „Бутелска“, „Призренска“, „Галичник“, обиколницата Бутел и околината, како и корисниците од улицата „30“ и „Љуботенски Пат“ во Општина Бутел утре од 8:10 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Добри Дол.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во напојувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното