ДЕЛЧЕВО: 18 годишник со картичка од дедо потрошил 468 илјади денари за игри и шопинг

СВР Штип поднесе кривична пријава против 18 годишник од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања.

На тој начин го оштетил дедо му за сума од 468.832 денари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното