Демант: Порталот Бриф не во сопственост на Џабир Дерала

„Ги демантираме изнесените дезинформации во објава на порталот „4NEWS.mk”, не е вистинит податокот дека порталот Бриф е во сопственост на Џабир Дерала. Од самото основање пред 11 години Бриф.мк е во сопственост на Друштво за дигитални медиуми БАБИНСКИ ДООЕЛ Скопје чиј единствен сопственик и управител е Илин Николовски.

Порталот Нова и Џабир Дерала осудени оти објавиле лажен текст за Христијан Мицкоски дека купил куќа од 1 милион евра

БАБИНСКИ ДООЕЛ Скопје доброволно постапи по пресудата XXXVII П5-17/23 и ја објави изреката на четврта страница од дневниот весник „Слободен печат” во формат 1/8 страница согласно изреката на пресудата на ден 29.01.2024 год., како и на официјалната веб страница brif.mk на ден 29.01.2024 год. во ист формат и големина како објавената вест.”