Димовски не дојде, „Талир“ одложен – „Ова е политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ“, вели Јанушев

Денешното рочиште за случајот „Талир“ одложено поради отсуството на обвинетиот Илија Димовски, кој како шеф на собраниска делегација на Северна Македонија се наоѓа во Брисел на Парламентарното собрание на НАТО. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, како овластен од партијата да го застапува случајот, по рочиштето ја обвини Владата дека врши политички прогон врз опозицијата.

Додека раководството на ВМРО-ДПМНЕ смета дека обвинението на СЈО е политички мотивирано, обвинетата Елизабета Чингаровска призна вина и доби условна казна затвор од две години. За случајот „Талир“ и Никола Груевски кој е во бегство доби нов адвокат кој му до одреди Судот.

Во „Талир“, обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ. Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро- сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе. Следното рочиште е закажано за 7-ми март.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното