До 17 часот гласале 34,62% од избирачите

Државната изборна комисија попладнево на прес-конференција соопшти дека излезеноста на гласачите до 17 часот изнесува 34,62%.

Вкупниот број на избирачи кои гласале се 279.241 гласач.

Од Комисијата информираа дека гласањето се одвива мирно и без поголеми неправилности, а избирачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот.