Милорад Додик, претседателот на Република Српска е прогласен за виновен.
Тој беше осуден на една година затвор и шест години забрана да ја извршува функцијата претседател на РС.
Потсетуваме дека се работи за првостепена пресуда против која тој има право на жалба.
„Радувајте се. Мора да сме среќни, ме осудија на една година затвор кај нив. Велат јас сум виновен, сега овде ќе кажат зошто не сум. Нема причина за грижа, научив да се справувам со потешки работи. Важно ми е што си тука и оваа слика ќе ја носам во очи“, додаде Додик во првата реакција на пресудата и за малку подоцна најави подолго обраќање.