Претседателката на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, Гордана Бишлимовска денеска на брифинг истакна дека дошло време да мора да се викаат медициските сестри кои веќе се во пензија за вработување.
Како што вели, се размилува за ваква солуција.
Таа ја спореди и Словенија која има исто 2 милиони жители, но со 17 илјади медицински сестри, додека пак Македонија брои само 9.200.
„Размислуваме да се наоѓа солуција да ги понудиме медицинските сестри кои заминаа во пензија, да може да се вратат во болниците под некои условни договори на дело, за да можат да им помогнат на болниците, одделенијата што останаа без персонал“, рече таа, зборувајќи за проблемот со недостаток од кадри во здравството.