Доколку вашиот пасош истекува пред ова време, не тргнувајте на пат: Грците забрануваат влез во земјата ако не одговарате на ова правило

И годинава голем број граѓани од Македонија ќе летуваат во Грција. Доколку сте меѓу нив, задолжително обрнете внимание на тоа колку време е валиден вашиот пасош.

Грција е членка на Шенгенскиот договор, што значи дека на имателите на биометриски пасоши на Македонија не им е потребна виза за престој до 90 дена во период од шест месеци.

За да останете во Грција, мора да имате пасош со важност најмалку три месеци од датумот кога планирате да ја напуштите Грција.

Затоа треба навреме да ја проверите важноста на пасошот, за да можете без проблем да си набавите нов.

Редовното издавање пасош чини 2.300 денари, а итно издавање пасош ќе ве чини околу 6.000 денари.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното