ДРАМА ВО СОБРАНИЕ: Ковачки вели премиерот пак се сокрил под женско здолниште, Ковачевски бара извинување!

Пратеникот Драган Ковачки денеска во собранието му постави прашање на премиерот Димитар Ковачевски околу тоа дали е запознаен со сексуалното вознемирување од страна на офицери во Армијата, но одговор наместо од Ковачевски, доби од министерката за одбрана Славјанка Петровска.

По ова Ковачки искоментира дека премиерот повторно избегал и се скрил под женското здолниште на министерката за одбрана, што предизвика расправа во собраниската сала.

Ковачевски го обвини за сексизам и истакна дека се гордее со жените министерки.

„Јас многу се гордеам што имам предложено жени за министри и се гордеам што тие жени имаат исклучително добри перформанси. И Славјанка Петровска и Славица Грковска, Јована Тренчевска, Шукова, министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска – со сите се гордеам, без разлика дали на работа ќе дојдат во фармерки или во друга гардероба. И навистина не личи во Собранието, кое го гледаат сите генерации на директен пренос, да се користи сексизам и да се користи омаловажување на жената, со оглед на тоа дека жените може многу поквалитетно од мажите да ја вршат која било функција и тоа овие министерки го потврдија. Јас лично сметам дека треба да ѝ се извините на министерката за она што го кажавте, но тоа е домашно ваше воспитување и образование“, му рече Ковачевски на Ковачки.

На тоа Ковачки му возврати дека криењето под женско здолниште е факт и не го измислил тој.

„Тоа го измисли вашата менторка Радмила Шекеринска. Потсетете се и ќе видите дека тоа е нејзина изјава“, додаде Ковачки

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното