Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Сопиште

Вчера во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко моторно возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(70) од Скопје излетало надвор од коловозот.

На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С.О.(65) од Скопје, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Додека, со тешки телесни повреди се здобил уште еден сопатник П.Ц.(71) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното