Укинувањето на граничните контроли ќе ја направи Европа уште посилна и попросперитетна. Ова го напиша бугарската еврокомесарка за стартапи, истражување и иновации Екатерина Захариева на својот Фејсбук профил по повод полноправното членство на Бугарија и Романија во Шенген.
„Дојде историски момент за Европа: Бугарија и Романија се веќе во Шенген зоната и по копно! Да ги славиме вредностите што не обединуваат“, рече Екатерина Захариева.
Таа и ја честиташе новата година. „Честитки за нашата нова 2025 година! Нека ви е благословено здравје, љубов и среќа“, додаде еврокомесарот.