Експерти откриваат: Ова е најдоброто време за зачнување на бебе

Експертите открија дека најдоброто време за зачнување на бебе е во утринските часови.

Истражување спроведено на Универзитетската болница во Цирих покажува дека сексот пред 07:30 часот значително ги зголемува шансите за забременување.

Ова истражување е објавено во научното списание Chronobiology International каде се објаснува дека се работи за последица на внатрешниот часовник на ејакулатот.

Тие посочуваат дека утрото е подобро време за спермата, во споредба со ноќта.

Во оваа студија учествувале над 7 илјади мажи, а според тимот примероците собрани во текот на пролетта имаат посилна концентрација на сперма, и е забележано намалување кај примероците собрани во текот на летото.

Во студијата се вели дека двојките кои се обидуваат да создадат семејство, треба да имаат секс наутро во текот на месеците март, април и мај.

„Овие три месеци имаат највисоки резултати за зачнување“, велат експертите.

Според нив, семето е во најздрава форма и големина во текот на пролетта.

Истражувачите се надеваат дека оваа информација ќе им го олесни зачнувањето на паровите, особено ако досега се бореле со проблеми со зачнување, и се надеваат дека оваа студија ќе го зголеми успехот во третманот со вештачко оплодување

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното