По маркетите, се појави нов картел сега е во осигурителниот бизнис каде вмешани се дури 10 компании кои направиле директна штета на граѓаните и стопанството.
- Македонија Осигурување (Vienna insurance group)
- Триглав осигурување А.Д.
- Сава осигурување А.Д. Скопје
- Евроинс осигурување
- Еуролинк
- Граве Неживот А.Д. Скопје
- УНИКА
- Осигурителна полиса
- Халк осигурување
- Кроација осигурување/неживот
Овие компании, според Комисијата за заштита на конкуренција, во месец април 2024 година преку усогласено однесување ја зголемиле продажната цена на премијата односно процентот за вршење на дејноста на осигурување (режиски додаток), што е дел од премијата за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица и задолжително се плаќа при регистрацијата на моторни возила.