Еве кој град беше најтопол во Македонија денес

Температурите денеска беа 19 Попова Шапка, 24 Лазарополе, 25 Крушево, 26 Маврови Анови, 28 Претор, 29 Охрид, 30 Берово, 31 Битола, 32 Прилеп, Тетово, 34 Виница, 35 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Кавадарци, Гевгелија, 36 Велес, Демир Капија, Скопје – Петровец.

Времето денеска беше сончево и топло, претпладне со променлива облачност во југозападниот дел од земјата. Во попладневните часови имаше краткотрајна нестабилност на крајниот исток. Дуваше слаб до умерен ветер со променлив правец.

Времето до крајот на денот ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=8

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното