Еве неколку придобивки од чајот и маслото од нане

Последните истражувања покажуваат дека чајот од нане помага во „битката“ против лошиот здив.

За тоа е доволна една „гаргара“ со чај од нане и лимон дневно.

Во продолжение уште неколку придобивки од нането:

Маслото од ова растение има антибактериски својства кои можат да помогнат во спречување на заболувања на непцата и на забниот камен, велат истражувањата.

Имено, аромата на чајот може да ги ублажи симптомите на мигрена, а исто така, може да го одзатне носот и да ги ублажи инфекциите на горниот респираторен тракт, како и маслото од нане.

Тука е и пријатното влијание при вознемирен стомак и гасови, ги олеснува и грчевите во мускулите при менструација кај жената.

Чајот не содржи кофеин, но има позитивно влијание врз умствената способност.

Истражување на Универзитетот во Нортамбрија покажува дека нането го подобрува расположението и памтењето.

Во испитувањата биле опфатени 180 лица.

Овој чај е добар и за проблемите со вишок килограми.

Чаша чај од нане обезбедува чувство на ситост во текот на денот, а на овој начин ќе избегнете внесување вишок калории и многу веројатно – ќе ослабите.