Еве неколку совети за забавување на стареењето на мозокот

Општо познато е дека, како и телото, со годините се менува и мозокот, како и неговите функции.

Имено, со тек на време сѐ почесто се случува да забораваме, да имаме послаба сосредоточеност, концентрација и низа други проблеми.

За мозокот да остане здрав што е можно подолго и да се забави неговото стареење, само треба да се следат неколку едноставни работи, и тоа редовно.

  • Ментална активност – за постојан развој на мозокот

Важно е да го одржуваме мозокот активен и постојано да му даваме нови задачи како: решавање крстозбори, загатки или читање книги и написи на различни теми. Учењето нови работи секогаш помага.

  • Физичката активност го зајакнува телото, но и умот

Покрај телото, и мозокот преку вежбање се зајакнува. Физичките вежби го олеснуваат протокот на кислородот до делот од мозокот што служи за размислување, а покрај кардио-вежбите и пешачењето исто така има одличен ефект. Секако, тука можат да помогнат и одредени вежби во коишто е вклучен и мозокот, односно лежење на грб и поместување една нога со спротивната рака, наизменично.

  • Исхрана

Често се вели дека одредени јадења се „храна за мозокот“, а тоа се покажува како точно, па затоа науката потврди дека медитеранската храна, оревите, овошјето и зеленчукот имаат корисен ефект врз работата на мозокот.

  • Витамини

Витаминот Д е важен за помнењето. Исто, подеднакво е важно и да се внесуваат Омега-3 масни киселини, витамин Б12, а доколку е потребно и додатокот познат како „гингко“.

  • Добар сон значи помал стрес

Стресот може негативно да влијае на менталното здравје, па така, и на здравјето на мозокот. За да се ослободиме од вишокот стрес, може да практикуваме и медитација, да размислуваме помалку за грижите, а тука помагаат и техниките на дишење. Квалитетниот сон е основен и најважен фактор во оваа смисла.